X
 05.10.2016 Политика

Државите што ги примија половината од бегалците во светот



Бегалци


Десет земји кои во светскиот БДП учествуваат со 2,5 проценти, примиле повеќе од половината бегалци во светот, објави Amnesty International, критикувајќи ја себичноста на богатите земји.


Во извештајот за положбата на 21 милион бегалци низ светот, организацијата за заштита на човечките  права со седиште во Лондон, изразува жалење што земјите во непосредно соседство на кризните региони го носат товарот на светскиот проблем со бегалците. Десет земји прифатија 56 проценти од бегалците, се наведува во извештајот, во кој  се предлага најбогатите земји да обезбедат дом за 10 проценти од бегалците секоја година.

„Мал број земји се оставени сами да прават многу повеќе, само затоа што нивните соседи се во криза“, истакнува главниот секретар на АИ, Салил Шети, претставувајќи го извештајот  „Решавање на светската бегалска криза: од избегнување до распределба на одговорноста“.

„Време е одговорните да поведат сериозна, конструктивна расправа за тоа како нашите општества ќе им помогнат на луѓето кои мораат да ги напуштат своите домови заради војна или прогон.“

Amnesty потсетуваат дека најмногу бегалци примија следните држави:

-    Јордан  (повеќе од 2,7 милиони)
-    Турција  (2,5 милиони)
-    Пакистан  (1,6 милиони)
-    Либан  (повеќе од 1,5 милиони)
-    Иран  (979.400)
-    Етиопија  (736.100)
-    Кенија  (553.900)
-    Уганда  (477.200)
-    Демократска Република Конго  (383.100)
-    Чад  (369.500)
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика