Уште од античкото време луѓето се обидуваат да ја пронајдат “фонтаната на младоста“. Но, дали таа навистина теоретски постои?
Рускиот научник д-р Анатоли Бручков верува дека “фонтаната на младоста“ постои и смета дека ја пронашол во 3.5 милиони години стара бактерија. Што научникот сторил следно – ја инјектирал бактеријата во себеси.
Бактеријата Bacillus F, била откриена во Сибир во 2009 година. Веднаш го привлекла вниманието на научниците – не само што е стара 3.5 милиони години, туку и опстанала во Сибирските ледени предели. Бручков верува дека постои механизам во оваа бактерија кој и дозволува да опстане дури и во мраз и тоа толку години. И ако бактеријата може да преживува толку време, тоа можеби го можеме и ние. Научникот бил толку нестрплив што експериментот го спровел на себеси и ја инјектирал бактеријата во себеси. Иако е тешко да се каже дали бактеријата го направила бесмртен, сепак тој тврди дека од 2015 година се чувствува подобро од кога и да е. Но, времето ќе покаже што всушност ќе се случува со неговиот организам.
Повеќе детали во видеото подолу.