X
 08.09.2016 Здравје

Научник тврди дека создал "апче на младоста"

лек

 

Апчињата за кои нивниот творец тврди дека се извор на младоста се спакувани во мала, тврда, картонска кутија со металик сива боја, а името кое апчето го носи е „Basis“. Во опаковката се наоѓа помала, бела кутија на која е отпечатена буквата „Е“. Во описот стои „секојдневен, здравствен производ, направен за да го оптимизира и да му помогне и на најкритичниот метаболизам“. Во продолжение пишува: „поправка на ДНК, детоксификација на клетките, производство на енергија и протеинска функција“. Во кутијата се наоѓаат 60 апчиња.


Вака ги опишува апчињата и нивното пакување новинарот од „NY Magazine“, Бенџамин Валас. Тој лекот го порачал преку интернет без рецепта. Платил околу 60 долари. Се обидел да дознае дали станува збор за најсофистицираната измама на пазарот која тврди дека еликсирот на младоста или станува збор за апчиња кои навистина се еликсир на младоста.

Лекот е плод на научно истражување коеод трае веќе четвртина век и има само една цел - да го запре невидливото одбројување кое еволуцијата го вгради во нашето тело. Може да се случи и само да ги одложи најчестите болести кои доаѓаат со годините - рак, срцеви заболувања, дијабетес па дури и Алцхајмерова болест. Ова значи дека корисниците нема да уживаат во подолг животен век (иако тоа е возможно, тврдат произведувачите), меѓутоа голема е веројатноста подолго време да останат здрави, односно да поквалитетно да го поминат животот.

Оние кои ги пробале апчињата ги опишуваат ефектите - растење на нокти и коса, мазна и мека кожа, луди соништа, зголемување на енергијата, подобар сон и повеќе енергија. Новинарот опишува дека првите неколку денови почувствувал возбудување, а освен тоа, и цврсто спиел. Но, после некое време овие ефекти се намалиле, а забележал дека некои утра се чувствувал чудно, и не баш најдобро. „Ако тоа е плацебо ефектот, тогаш дефинитивно беше чуден, не се чувствував најдобро, туку различно“, пишува тој.

Сепак, она што апчето го ветува е доста примамливо. „Потенцијалните придобивки се долгорочни, поради кои апсолутно вреди да се претрпат маките. Можно е да станува збор за нова генерација на чудотворно змиско масло кое е замаглено од сончевата аура која излегува од шесте добитници на Нобелова награда кои седат во научниот советодавен одбор на компанијата“, пишува Валас.

Основачот на компанијата е Леонард Гваранте кој е и директор на Центарот за стареење на Институтот за технологија во Масачусетс и еден од пионерите во науката за стареење. Минатата година неговата лабораторија која се наоѓа на самиот Институт ја освои титулата на фондацијата Пол Ф. Глен.

Научниците уште во 30-тите години на 20-от век откриле дека исхраната со помалку калории го продолжува животот кај цицачите. Се смета дека еволуцискиот период на глад сме го преживувале забавувајќи го работењето на метаболизмот за да ја одложиме репродукцијата се' до периодот на изобилство. Гваренте бил помеѓу првите луѓе кои го откриле генот во текот на процесот - во неговиот случај станува збор за молекулата наречена сиртуин.

Науката која се занимава со стареењето рапидно се зголемува, и се води жестока трка за развивање на супстанции кои ќе влијаат врз овие одговорни гени. Идејата и претпоставката на компанијата „Elysium“ е тоа дека одредени супстанции може да го „измамат“ човечкото тело да мисли дека гладува (и на тој начин му го продолжува животот), без оние кои го консумираат да чувствуваат глад.

На пазарот не постои ниту еден лек против стареењето кое е одобрен од ФДА, поради две причини. Лекот кој е создаден да го земаат здравите луѓе мора да биде речиси без никакви несакани ефекти, за да може да ја оправда својата цел. Освен тоа, не е прецизирано кои биомаркери би ја докажале ефективноста на лековите кои спречуваат стареење.

Минатата година агенцијата дозволила прво тестирање на ваквиот вид лекови врз луѓето и тоа за лекот метформин, за кој агенцијата веќе добила дозвола за лекување на дијабетес. Овој истиот лек би можел да влијае врз гените за ограничување на калориите. Дури и ако тестирањето успее, на ФДА ќе ѝ бидат потребни многу години за да дозволи консумирање на лекот за луѓето кои не се дијабетичари.

Оној момент кога Гваренте бил убеден дека создал век кој може да го продолжи неговото лично здравје, одлучи да го освои пазарот на заобиколен начин. Две активни состојки на лекот „Basis“ - птеростилбен и никотинамид рибоза се целосно природни. Тие се наоѓаат во млекото и боровинките и веќе долго време се достапни и одобрени како додаток во исхраната. На тој начин компанијата „Elysium“ ја избегна ФДА и веднаш го пласира лекот на пазарот.

Избегнувањето на владината регулација има своја цена. Гваренте и неговиот советодавен одбор нагласуваат дека ги користат само оние состојки за кои се напишани стотици научни трудови, кои имаат високи стандарди на производство како и тоа дека го следат влијанието врз потрошувачите. Моментално во нивното истражување учествуваат 120 лица на возраст помеѓу 60 и 80 години.

Но најголемата разлика помеѓу оваа компанија и останатите продавачи на додатоци во исхраната ја прави Гваренте. „Elysium health“ буквално заработува врз основа на неговата репутација. „Јас сум тука за да направам голем притисок врз компанијата да прави истражувања и тестирања на луѓето. Никогаш немојте да тврдите нешто кое не можете да го поткрепите со докази“, вели научникот.

Научникот го зема лекот веќе две години, меѓутоа лекот не предизвикал повторно растење на неговата коса. За неговите 64 години не изгледа ниту премногу млад, ниту премногу стар. Има генетска предиспозиција за долг животен век, но низ животот се уверил дека доброто здравје е еднакво важно. Неговиот татко живеел 83 години. Билз драв се' додека не му дијагностицирале белодбробна фиброза, болест поради која белите дробови целосно ја губат функцијата. Неговата мајка живеела 89 години, но била слаба и имала деменција.

„Мислев ако имаме среќа, ќе постои само една причина за стареење“, Гваренте се потсетува на раните денови. Ја пронашле причината за стареење и тоа за нив било возбудливо откритие. Подоцнежните истражувања се поврзуваат со NAD, коензим критичен за метаболизмот кој се намалува со стареењето и со сиртуин, генот кој го открил научникот.

NR, еден од состојките на лекот „Basis“ во телото се претвора во NAD. Со него студентите работеле во лабораторијата иако не добивале привлечни понуди од биотехнолошките компании. Во 1999 година Гваренте станал ко-основач на „Elixir Pharmaceuticals“, компанија која се посветила на генот сиртуин. Студентите од неговата лабораторија станале едни од најистакнатите конкуренти, а Гваренте се посветил на пронаоѓање на лек кој ќе го запре процесот на стареење.

Канцелариите на оваа компанија се наоѓаат во Сохо, Њујорк. Гваренте компанијата ја основал со двајца млади партнери, а токму тој ги реализира средбите со потенцијалните инвеститори. Станува збор за милионски износи.

Извршниот директор на компанијата, Ерик Маркотули вели дека компанијата се труди да не се претставува како малопродажна компанија за додатоци на исхраната. „Сметаме дека сме првата компанија во светот која научно го проучува животот на нашите потрошувачи“, вели тој.

Теоријата на лекот делумно еволуирала од теоријата поврзана со пиење на црно вино: една од главните состојки на виното е птеростилбен, кој се смета за посилна верзија на ресвератрол. Другата состојка, NR, го зголемува нивото на NAD во нашите клетки што доведува до обратно распаѓање на митохондрите.

Еден од нобеловците во советодавниот комитет е и Џек Состак, кој освои Нобелова награда во 2009 година. Со Гваренте се познаваат речиси 30 години, а неговата улога во компанијата е да ги проучува соединенијата кои би можеле да бидат корисни за одржување на здравјето, а не за лекување на специфични болести.

Многу научници кои работат во компанијата и самите го земаат лекот, и учествуваат во истражувањето. Меѓу нив е и Ричард Робертс, 72 годишен нобеловец кој е дел од одборот. И тој и неговата сопруга го пијат лекот. „Единственото нешто што забележав е кожата на лактите - сега е многу помека“, вели Робертс.

Еден од инвеститорите во компанијата, Роберт Нелсен исто така го пие лекот. „Се чувствувам помлад отколку што сум“, вели тој и додава дека сега може да направи повеќе склекови. Нелсен има 53 години и покрај лекот „Basis“ пие и метформин, лек за дијабетес иако нема дијабетес.

Сите овие луѓе, финансиите и репутацијата охрабруваат да се верува во овој лек. Нелсен дури и признава дека можно е да доживува плацебо ефект.

Гваренте никогаш не бил задоволен со испреплетувањето на науката и капиталот. Тој ја напуштил компанијата „Elixir“ 7 години после основањето. Работата ја презеле финансиските инвеститори кои одлучиле дека не сакаат да работат на развивање на научни откритија туку сакаат да увезуваат производи кои веќе се продаваат низ светот, кои имаат некаква врска со стареењето.

Истражувањата за стареењето никогаш не добивале многу јавни финансии, а со текот на времето станале и поретки. Неговото разочарување со првата компанија го зголеми ентузијазмот во новата компанија, „Elysium“. Тој гледа просперитетна иднина за неговата нова компанија, сака најновите научни истражувања да им ги донесе на неговите клиенти, а во визијата за иднината го гледа и придонесот за јавното добро.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје