X
 12.10.2016 Живот

Србија ги укинува реалните ТВ шоуа?

По неколку месеци емитување на “Фарма“ и “Парови“, август во Србија помина без ниедно реално шоу. Министерот за култура, Владан Вукосављевиќ, изјавил дека државата ќе ги преземе сите мерки за сузбивање на невкусната содржина на ТВ, особено на националните фреквенции, наведува изворот “Новости“.

“Ние ќе настојуваме, во согласност со можностите максимално да делуваме на сузбивање на физичка и јазична порнографија во медиумите, електронските и печатените. Тоа е неприфатливо, особено на националните фреквенции, кои се национални богатства, па според тоа е многу важно каков вид на пораки испраќаме преку нив“.


 Владан Вукосављевиќ,


Ние не ги измисливме реалните програми, но за жал, овде добро се прифаќаат. Се приближуваме до крешчендо разурнувачки ефект врз културата на говорот, физичкиот изглед, однесување. Но тоа не го третираме доволно како непристојна и неприфатлива појава.

“Кај нас не е најголем проблемот на прашањето за надлежноста, што се однесува до прашањето за одлучноста да се спротивставиме на некои појави“-рече тој.

Учесниците радиодифузери имаат поделени мислења во врска со укинувањето на овој вид на програма. Некои од учесниците се спротивставуваат во врска со тоа, додека на другите им е сеедно, дали реалните емисии, повторно ќе заживеат на медиумскиот простор. Долгогодишните учесници кои учествуваа во речиси сите сезони на “Фарма“, како што е Зорица Марковиќ, изјавила дека неа и е сеедно дали ќе се укинат реалното шоуа.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот