X
 30.10.2016 Здравје

Мини робот во таблета



Од МИТ (Massachusetts Institute for Technology) доаѓа нова интересна идеја – малечок робот-таблета кој ќе ја намалува потребата од инвазивни операции.


Оваа иновативна идеја е осмислена од страна на Даниела Рус, директорката на Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција, и нејзиниот тим. Тие успеаја да создадат минијатурен робот сместен во таблета, која по проголтувањето „се отвора како оригами“,  па  на тој начин можат да се разрешуваат бројни здравствени состојби кај пациентот, што до сега се лекувале со инвазивни оперативни зафати.

Со роботот во таблетата, лекарите би управувале со помош на магнети, односно би го наведувале до заболеното подрачје во човечкото тело каде што би добивал соодветни наредби за извршување – на пример, да отстрани туѓо тело од желудникот или да третира внатрешни рани со директна, внатрешна апликација на лекот.

Тука вообичаено се поставува логичкото  прашање - што се случува  со роботот откако ќе ја заврши својата задача?  Научниците тврдат дека нема никаков проблем околу тоа, бидејќи роботот е биоразградив и се обработува како и секоја храна.


Робот во таблета
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје