X
 05.11.2017 Наука

Што се случува кога сперматозоидите се среќаваат со јајце-клетките?

Светлината понекогаш се користи како метафора за животот. Но животот и светлината не се поврзани само поетски. Кога сперматозоидите се среќаваат со јајце-клетката, се создава вистинска светлина. Така што, на некој начин, светлината и животот се едно исто.

Истражувачите од Северозападниот универзитет дознале за ова изненадувачко откритие во 2011 година, кога ги виделе таканаречените „цинк искри“ додека глувците зачнувале. Во 2014 година тие пронашле начин да создадат слики од овој настан. Во 2017 година, тие го достигнале „светиот грал“ на биолошките истражувања: тимот го набљудувал истото нешто и кај човечките јајце-клетки.

Јајце-клетките се потпираат на цинк за нивните највлијателни функции, од зреење во здраво јајце до развивање во ембрион. Истражување од 2014 година покажало дека секоја човечка јајце-клетка содржи околу 8.000 цинкови оддели, а секој оддел содржи околу еден милион цинкови атоми. Кога спермата се среќава со јајцето, јајцето одеднаш ослободува серија на цинкови атоми. Под флуоресцентен сензор, изгледа како микроскопски огномет, опкружен со експлозија после мала експлозија. Спектаклот трае до два часа по зачнувањето.

Добро јајце, лошо јајце

Ова не само што е неверојатно, туку е и корисно. Големината на овие експлозии им кажува на научниците за одржливоста на ембрионот што ќе го произведе јајцето. За луѓето кои поминуваат низ скапи и емоционални искушенија со ин витро оплодување, ова е голема вест, бидејќи во моментот помалку од половина од третманите со ИВФ резултираат со живо новороденче.

„Не постојат достапни алатки што ни кажуваат дали јајцето е квалитетно. Честопати не знаеме дали јајцето или ембрионот е навистина во ред, до моментот на развивање на бременоста. Тоа е причината поради која сето ова е трансформативно. Ако имаме способност претходно да видиме дали јајцето е добро или не, тоа ќе ни помогне да знаеме кој ембрион да го пренесеме, да избегнеме болка и побрзо да постигнеме бременост“, вели д-р Ив Фејнберг, ко-автор на истражувањето.

Ако ова не го осветли вашиот живот, не знаеме што друго би можело да го осветли.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука