X
 09.11.2016 Технологија

Доаѓа ли крајот на паметните телефони какви што ги знаеме денес?

Според најавите на компаниите кои произведуваат телефони се чини дека ќе дојде крајот на  стандардните паметни телефони, какви што ги знаеме веќе со години.


Mi Mix е концепт на Xiaomi со 6,4 инчен екран, чие покривање на предната површина е 91,3 %. Слични вакви концепти сме виделе многу, но не биле до крај реализирани.

Се очекува да започне револуција од страна на производителите на паметни телефони, а новина е тоа дека целата предна страна на телефонот всушност ќе биде дисплеј, без дизајнирани рамки.

Кај IPhone 8, Samsung Galaxy 8 и слични модели треба повеќе од 90 % од предната страна на екранот да бидат со дисплеј, а сите дизајни се „украдени“ од наведениот концепт на Xiaomi Mi Mix , кој никогаш не заврши во сериско производство.

Xiaomi покажа дека сензорите и други компоненти кои сме се навикнале да ги гледаме над екранот, може да се стават под него, што значи дека и другите производители наскоро ќе поработат на слична имплементација. Токму затоа наскоро ќе бидеме сведоци на нова трка во зголемувањето на екранот, производителите најверојатно ќе се натпреваруваат во зголемување на процентот на покриеност на екранот на уредот. Со оглед на тоа дека сензорите и звучниците може да се инсталираат под него, можеме да очекуваме и уред кој всушност ќе биде голем екран.

Се надеваме дека сето ова ќе го зголеми и квалитетот на екранот. Исто така ова е област во која технологијата на свиткување, која се решава со години, би можела да се промени, особено заради типот на материјалите кои се користат за изработка.

Впрочем,  Plastic OLED кај ваквите уреди секако би било подобар избор, велат од Balkan Android.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија