X
 28.11.2017 Технологија

Педи - робот-пријател за вашето домашно милениче

pedi
Фото: Printscreen

Запознајте го Педи, пријател на вашето домашно милениче. Овој симпатичен робот е дизајниран како придружник на вашето домашно милениче додека не сте дома. Педи не само што обезбедува друштво за вашето домашно милениче, туку и можете да ја искористите неговата напредна технологија за да му се јавите на вашето куче или маче.

Исто така, Педи е способен да го нахрани вашето милениче, така што никогаш не треба да се грижите дека миленичето ви е гладно или осамено. Освен тоа, Педи има дополнителен уред за домашна безбедност - уредот може да открие абнормалности во вашиот дом преку својот опсег на сензори, така што ве известува кога треба да го проверите.

Голем број луѓе се вознемирени кога се принудени да ги остават своите миленици сами подолго време. И животните се под стрес кога се долго време разделени од своите сопственици или кога мислат дека можеби ги напуштиле. Овој стрес може да предизвика животните да почнат да џвакаат разни предмети во домот. Педи може да ги забавува миленичињата со музика и игри и да им помогне да останат активни кога сопствениците не се дома.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија