X
 15.11.2016 Здравје

Науката вели треба да вечераме во ова време од денот

Поголемиот дел од нас го сметаат за време на вечера околу 7 часот навечер, но науката вели дека нашиот последен оброк треба да го имаме пет часа порано.

Една нова студија покажува дека значителното пoрано време за вечера, па дури и прескокнување на оброк, може да ја зголеми количината на масти, кои ние ги согоруваме во текот на ноќта.


вечера


Исто така, оваа практика може дури и да помогне да го намали чувството на глад, како и во борба против навиките на прејадување. Списанието од Њујорк, Science of Us, ги истакна овие откритија за да испита дали ние треба да ги адаптираме нашите распореди за исхрана во согласност со тоа.

Истражувачите од Био-медицинскиот центар за истражување Пенингтон на Државниот Универзитет во Луизијана го спровеле првиот човечки тест за „рано време за ограничено јадење" на 11 лица со прекумерна тежина. За четири дена, учесниците во студијата, машки и женски, јаделе од 8 часот наутро до 2 часот попладне. Другите четири дена, тие јаделе во термин кој скоро сите ние го следиме од 8 часот наутро до 8 часот навечер, консумирајќи го истиот износ на калории, како и денот кога постоело ограничување.

Студијата покажа дека повеќе масти биле согорени, а нивото на апетитот било регулирано, дури и кога луѓето биле ограничени да јадат од 8 часот наутро до 2 часот попладне, проследено со 18 часа нејадење. Овие наоди даваат поголем увид во тоа како нашето време за оброци може да влијае на нашиот метаболизам, но потребни се повеќе истражувања пред да се разгледа оваа ефективна стратегија во управувањето со тежината.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје