X
 28.11.2016 Живот

Лажна вест ја крена на нозе Романија

Британскиот таблоид „The Sun“ објави шокантна приказна за децата во Романија кои биле присилени да составуваат играчки за чоколадни јајца. Но, се' укажува на тоа дека приказната најверојатно била измислена од британските новинари.

 

вест


Игачките во чоколадните јајца се радост за малите деца. Токму затоа изгледаше толку страшно извештајот на британскиот весник „The Sun“ за тоа дека играчките се радост на богатите деца, додека сиромашните деца од северниот дел на Романија напорно работат составувајќи ги тие пластични изненадувања. Весникот тврди дека постојат многу такви романски семејства, прикажувајќи една од нив во која тие составуваат играчки и по 13 часа на ден за мала плата.

Од семејството работат и трите деца - најмалото има 6 години, додека најстарото 11 години. За илјада парчиња од овие омилени изненадувања во чоколадните јајца, семејството добива 4 евра и 45 центи. Ако се погледне колку ваквото Киндер јајце чини во продавница, тогаш јасно е колкав е профитот на компаниите.

Статијата од британскиот таблоид предизвика узбуна во Романија. Не е непознато дека во оваа земја може да се најдат различни неправилности, но вакво нешто е премногу и за Букурешт. Узбуна настанала и во Одделот за заштита на деца и младина, а италијанската група Фереро беше шокирана.

Објави дека веднаш ќе ја прекине соработката со добавувачите од Романија, доколку тврдењата се покажат како вистинити бидејќи компанијата која ги произведува не дозволува таква експлоатација на најмладите. Потоа се јавила и романската компанија која соработува со Фереро која категорично тврдела дека не прифаќа незаконски, малолетни работници и дека се држи кон прописите за минимална плата.

Мајката тврди дека новинарите „снимале реклама“

За кратко време било откриено и семејството за кое известувале британските новинари, но од нив произлезе сосема различна приказна. Мајката на децата за романската станица Диги24 тврдела дека сето тоа било само претстава.

Како што таа вели, Британците им кажале дека ќе снимаат рекламен филм за играчките во чоколадни јајца, иако не сфатила баш се` бидејќи зборувале на англиски. Во секој случај, самите новинари барале од нејзините деца да седнат на маса и да составуваат играчки со цел „да направат убави фотографии“.

Иако семејството не е многу богато и работи само таткото, сепак децата одат редовно на училиште и никој не ги тера да работат. Исто така, мајката на семејството изјавила дека британските новинари им рекле дека можеби ќе им пронајдат работа во Велика Британија.

Граѓаните на Романија ѝ веруваат на мајката отколку на новинарите, со оглед на тоа што британските новинари сакаат да ги покажат „ужасните услови“ за живот во оваа земја-членка на ЕУ.

Исто така, во текот на летото британската станица СкајЊус објави репортажа за романските мафијаши кои им продаваат оружје на терористите - веднаш изреагирала романската полиција и објавила дека сето тоа било лага. Новинарите дури им платиле на статистите да глумат романски мафијаши кои ќе продаваат оружје на сомнителни терористи. На снимките немало ниту вистинско оружје. Сепак, романската полиција уапсила неколку лица кои биле ангажирани од британските новинари и кои за својата глума добиле 2.000 евра.

Целта на ваквите вести од Романија била да се претстави Романија како „премногу сиромашна“ земја чии граѓани сакаат да пронајдат работа во Велика Британија и кои се подготвени на било каков начин да им го отежнат животот на Британците додека нивната земја е членка на ЕУ.

 

Извор:DW

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот