X
 06.12.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена



Денес е вторник, 6 декември 2016 година, 341-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:41, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа и 26 минути.

Ова утро имаме појава на слаба магла во одделни котлини и умерено облачно време речиси насекаде во Македонија со исклучок на крајните северни и североисточни предели каде што има процес на разведрување и претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА – Во вторник во утринските часови постојат услови за појава на магла по котлините и долините. Во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло време. Во доцните попладневни и во вечерните часови во западните и југозападните предели повторно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб северозападен и северен ветер. Утринските температури од -3 до 4 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 5 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во раните утрински часови имаме магловито и умерено облачно време. Во текот на денот се очекува претежно сончево време со локална облачност и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -1 степени, а максималната дневна до 9 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што услови стабилно време со се повеќе сончеви периоди. Во среда претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и разведрување со максимални температури од 4 до 11 степени. Во четврток по студеното утро во текот на денот претежно сончево и температури од 2 до 9 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и потопло време со дневни температури од 4 до 11 степени. Во сабота сончево и многу потопло време со пораст на температурите а максималните ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот