X
 08.12.2016 Живот

„Чистка“ на Трамп


Њујорк – Синот на советникот за национална безбедност на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, е оддалечен од транзициониот тим на Трамп заради гласините што ги ширел.

Доналд Трамп прави фаца

Мајкл Фин помладиот, веќе нема врска со активностите на генералот Флин или транзициониот тим“,  изјави новоизбраниот американски потпретседател, Мајк Пенс, прецизирајќи дека Флин досега му помагал на својот татко во административни работи.

Триесет и три годишниот Мајк Флин, син на пензионираниот Мајкл Флин кој минатиот месец  Трамп го избра за свој советник за национална безбедност, отпуштен е после контроверзната изјава за „пицагејтот“ и вооружениот напад врз популарната пицерија „Комет пинг-понг“ во Вашингтон.

Пицеријата била мета на напад на 28-годишниот Едгар Мадисон Велш кој вооружен влегол во пицерија за да ги провери „извештаите“ на интернет дека таму се наоѓа центар на педофилска организација поврзана со поразената кандидатка на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Велс во таа прилика отворил оган од својата автоматска пушка, по што бил уапсен, а кај него било најдено дополнително оружје. При пукањето немало жртви, пренесува АФП.

На сослушувањето, Велс кажал дека дошол од Северна Каролина за лично да го истражи „пицагејтот“.
Без оглед на тоа, Мајк Флин на твитер напишал: „Да, #пицагејтот останува вест додека не се докаже дека приказната е лажна“. Тој исто така ги ретвитуваше другите коментари, ширејќи ја понатаму лажната приказна за пицеријата.

Тој инцидент покренал прашања и за генералот Флин. Тој не ги коментираше јавно настаните во пицеријата, но во месец ноември и самиот на еден твит сугерирал вмешаност на Клинтон во педофилски организации.

„Вие одлучете – њујоршката полиција повика на тревога во врска со новите мејлови на Хилари Клинтон: перење пари, сексуални злосторства кон деца итн... Задолжително да се прочита!“, напишал тој пред изборите на осми ноември.

Во твитот тој доставил и линк кон лажниот новинарски извештај, потсетува АФП.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот