X
 29.06.2017 Живот

Временска прогноза: Не очекуваат тропски денови со температура до 43 степени

Денес е четврток, 29 јуни 2017 година, 180-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19 минути.



Ова утро во најголем дел од Македонија имаме претежно сончево и топло утро. Понекаде во северните и централните предели има појава на локална облачност која што во наредните часови ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА
– Во Македонија денес под влијание на поле на висок воздушен протисок и јужно воздушно струење и продор на топол воздух од југ не очекува тропски ден, ќе биде претежно сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен засилен јужен и југозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 30 км/ч. Утринските температури се движат од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и многу топло време. Ќе дува доумерен засилен југозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок и сабота во Македонија не очекуваат тропски денови, ќе биде сончево и многу топло време со максимални температури кои што ќе достигнат од 30 до 42 степени во петок, односно од 31 до 43 степени во сабота.  Во недела промена на временската состојба, претежно сончево со локална облачност, попладне се очекува продор на постудена и влажна воздушна маса која што ќе услови локални врнежи од дожд и пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени. Во понеделник претежно сончево со појава на локална облачност ветровито и посвежо време со осетен пад на температурите, утринските ќе се движат од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни од 18 до 27 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот