X
 15.12.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е четврток, 15 декември 2016 година, 350-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:48, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Ова утро во западните, југозападните и јужните предели имаме претежно сончево и постудено време, додека пак во северните, источните и дел од централните предели имаме умерено облачно време.

МАКЕДОНИЈА – По студено утро и појава на слаб утрински мраз, со утринските температури кои се во благ пораст во однос на претходниот ден кои се движат во интервал од -8 до -1 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 3 односно до 10 степени и ќе бидат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а дневната до 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Нашата земја до крајнот на оваа седмица ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок, па затоа не се очекува некоја позначајна временска промена, освен температурите, а од понеделник се очекува промена на времето. Во петок претежно сончево со локална облачност, минималните температури од -7 до 1 а дневните од 0 до 8. Во сабота и недела студено утро со утрински температури од -9 до -1 односно од -12 до -4 степени, додека пак во текот на денот сончево со дневни температури кои ќе се движат од -1 до 7 односно од 0 до 8 степени. Во понеделник умерено облачно време, попладне продор на влажна и нестабилна маса која ќе услови врнежи од дожд и снег и максимални температури од -1 до 7 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот