X
 20.12.2016 Живот

Без промена на временската состојба во Македонија во наредните денови

Денес е вторник, 20 декември 2016 година, 355-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:10 часот. Денот ќе трае 09 часа и 18 минути.

И ова утро имаме претежно ведро и студено утро со појава на умерен мраз и слаба магла по одделни котлини.

МАКЕДОНИЈА – Без промена на временската состојба и во Македонија, која и денес ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што носи претежно сончево време со појава на локална облачност но и студено поради продор на поларна воздушна маса од североисток. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -11 до -3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 5 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -7 степени, а максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Сончево и студено време во наредните денови, единствена променлива величина ќе бидат температурите но и тие без некои поголеми отстапувања. Утринските температури ќе се движат во интервалот од -12 до -1 степен, додека пак максималните температури во среда и четврток од 5 до 12 степени, односно од 6 до 13 степени во петок и сабота.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот