X
 05.11.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме наредната недела?

Во Македонија во сабота во утринските часови појава на магла која понедека ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на облачност и потопло време. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст, утринските ќе се движат од 2 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 19 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ке се задржи и во раните претпладневните часови. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло време. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во недела и понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло со максимални температури кои ќе се движат од 13 до 22 степени, со напомена дека во понеделник се очекува и засилен југозападен и југоисточен ветер со брзина и до 35 км/ч, а во доцните попладневни во вечерните часови во Охридско-Преспанскиот и Дебарскиот регион можни се и врнежи од дожд. Во вторник и среда промена на временската состојба, под влијание на медитерански циклон нестабилно време со обилни врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите. Локално се очекуваат да наврнат и над 40 литри дожд. Во вторник дневните температури од 10 до 19 степени, а во среда од 7 до 16 степени. Над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во недела и понеделник умерено облачно време со сончеви периоди и топло за овој период од годината со дневна температура до 20 степени. Во вторник и среда облачно со поинтензивни врнежи од дожд и пад на максималната температура која ќе достигне до 17 односно до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот