X
 23.12.2016 Технологија

В година можно е на еден ден да падне интернетот


Светлечка мапа

Во декември вообичаено стручњаците и аналитичарите од сите можни индустрии се занимаваат со предвидување на трендовите за годината што доаѓа. Сепак, едно предвидување особено се издвојува: „наредната година, на еден ден ќе падне интернетот“. Смелото предвидување за Бизнис Инсајдер го изнеле експерти од американската компанија за безбедност на податоци, LogRhythm.

Нивниот шеф за информациска безбедност, Џејмс Кардер, тврди дека притоа нема да станува збор само за технички потешкотии. „Во 2017 година, некаде, некогаш, ќе се случи жесток напад. Ако падне интернетот, со себе ќе ги повлече и финансиските пазари“, изјавил Карден.

Напади на големи медиумски платформи  

„Пред неколку месеци посведочивме масовен DDoS напад на серверите на компанијата Dyn, еден од најголемите даватели на интернетски услуги во светот. Системот им беше оптоварен со безброј прашања од лажни имејл адреси. DDoS нападот за неколку часа сруши интернетски платформи како што се Твитер и Спотифај. Сличен напад му се случи на американскиот новинар Брајан Кребс, стручњак за cyber безбедност. Тоа беа само показни вежби“, објаснал Кардер.

Кардер, исто така, за Бизнис Инсајдер споделил предвидување дека проблемот со лажните вести само ќе се влошува, а хакерите ќе ги напаѓаат големите медиумски платформи, како на пример, CNN и Fox News.

Упад во телефоните на луѓето заради уценување

„Силата на влијанието од меинстрим медиумите почна да се префрлува на други канали, а по мое мислење, главните медиумски компании едноставно не смеат да си дозволат тоа да им се случи. Понатаму, нивниот одговор на заканата од ширењето лажни вести, ќе биде обид за наметнување некој вид на медиумска контрола, со која, најверојатно, ќе се отиде предалеку. Мислам дека, во име на заштита на слободата на говор, хакерите ќе возвратат со рушење барем на еден или два медиума“, заклучил Кардер.

Меѓутоа, црните проекции за 2017 година не застануваат тука. Шефот за продажба на австралиската подружница на LogRhythm, Сајмон Хауи, прогнозира дека наредната година рансомвер (ransomware) ќе стане пораспространет проблем, односно дека хакерите сè повеќе ќе изнудуваат пари од корисниците на смартфони.

Хакерите ќе ги напаѓаат корисниците со злонамерен софтвер што ќе ги претвора нивните лични податоци во заложници. На пример, напаѓачите ќе се закануваат со објавување или бришење фотографии на корисниците, доколку сопственикот не им плати откуп“, преупредил Хауи.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија