Најчестата форма на комуникација кај кучињата е лаењето, што обично го разбираме, но што значи допирот со шепата? Одговор на ова прашање дава ветеринарката Сара Вутен.
- Многу кучиња комуницираат со шепите, а причината е едноставна: ние ги научивме да го прават тоа. Кога кучето му ја дава шепата на сопственикот, сопственикот често реагира позитивно и го наградува кучето, што го поттикнува ваквото однесување - вели ветеринарката.
Со овој гест кучето покажува задоволство, особено ако го направи тоа додека го галите. Сака да каже дека му се допаѓа и дека треба да продолжите.
По говорот на телото на кучето можете да разберете дали тоа е „весела“ шепа или некој вид повик за помош. Ако е обид за помош, кучето нема да бара награда, туку удобност и чувство на сигурност.
Извор:
Slobodnadalmacija.hr
Фото: Freepik