Замислете иднина без инвазивни третмани за рак на кожата. Еден нов крем би можел да го направи тоа реалност.
Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд го развиваат првиот крем за третман на рак на кожа во светот, револуционерна алтернатива на операцијата и радиотерапијата. Создаден првенствено за приматели на трансплантација на органи, кои се изложени на значително поголем ризик од рак на кожата поради имуносупресивните лекови што ги добиваат, кремот вклучува уникатен лек кој го инхибира формирањето на рак на кожата.
Проектот, предводен од вонредниот професор Џејмс Велс од Институтот „Фрејзер“, неодамна добил 344.000 американски долари од Националната фондација за медицински истражувања и иновации за поддршка на суштинскиот претклинички развој.
Овој иновативен третман, развиен во соработка со иницијативата за откривање лек од мали молекули КЕДДИ на „Униквест“, нуди прво решение за спречување и лекување рак на кожата во рана фаза.
- Финансирањето на овој проект е од клучно значење за унапредување на кремот преку претклинички развој, овозможувајќи ни да создадеме безбедна и ефикасна формулација за човечка употреба - рекол д-р Велс.
Во моментов нема третмани одобрени од ФДА (Американската агенција за лекови), конкретно насочени кон карциноми на сквамозни клетки кај пациенти со трансплантација, оставајќи многумина да се потпираат на операции или да ризикуваат прогресија на ракот.
Тимот има цел да го надмине овој јаз со тоа што ќе се осигури дека кремот е ригорозно тестиран за безбедност и ефикасност, нешто што е крајна цел на клиничките испитувања.
Извор: facebook.com
Фото: Freepik