X
 16.03.2021 Живот

Секој граѓанин што ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

Владата на својата 51. седница, кога беше донесена актуелната одлука за ограничување на движењето, со посебен заклучок определи дека ќе се пропуштаат сите патници со возила што ја напуштиле територијата на земјата пред воведувањето на забраната, стои во соопштението од Владата.

Дополнително, на седница на Главниот кризен штаб е донесен заклучок на сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

Правата важат за сите. Секој граѓанин затекнат на граница по 22:00 часот има право да стигне до својот дом и никој не смее да не го обезбеди или да го попречува тоа право, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму, нашите гранични служби мора да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од копнените гранични премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот