X
 13.10.2016 Култура

Искуството на еден Балканец од норвешките полицајци

Aко некој постојано гo повторува истото кривично дело, оди на психијатриски преглед, а често и на лекување.

Блогерот Александар Трифуновиќ за 6yka го раскажува своето искуство од норвешките полицајци.

Во малиот олимписки град Лилехамер во Норвешка, зборував со локалниот полицаец и началникот. Беше лесно да се разговара со нив, полицаецот беше убав човек од нашите простори и лесно беше за него да направи споредба меѓу нашата полиција и норвешката полиција за која сега работи. Насмеаните и весели луѓе се секогаш достапни. Љубезно одговораат на секое ваше прашање.


Осло


Клучно е дека главната филозофија на норвешката полиција е во тоа да не го изгуби граѓанинот кој го санкционирала, за тој самиот да разбере каде направил грешка и да работат заедно на тоа да не се повтори делото. Силата се применува во екстремни ситуации.

Уште еден од нашите луѓе тоа и практично ми го потврди, додека се возевме од Осло до Лилехамер, околу 1 час по полноќ. Одевме пред автомобил кој се движеше со брзина од 80 километри на час. Никој освен нас не беше на патот, а во таа област немаше многу села. Патот беше прегледен, без никакви кривини. Никогаш не сум видел полициски автомобил на таа патека. Го прашав: "Зошто не го престигнеш, овој вози бавно?" Тој ми објасни дека ограничувањето е 80 километри на час и ако го престигне автомобилот пред нас, можноста тој возач да пријави во полиција е огромна.


Норвешка полиција


Сообраќајните казни ретко се изрекуваат, но тие се многу високи. А ако некој постојано го повторува истиот прекршок, оди на психијатриски преглед, а често и на лекување.

Ако имате среќа навечер да излезите за викенд во Осло, ќе видите во посетените кубови луѓе со флуоресцентни елеци, кои стојат пред клубовите. Поради пијанство луѓето се казнуваат со општествено одговорна работа, а полицајците чекаат пред клубовите да им помогнат на пијаните луѓе да дојдат до такси или да ги спречат да влезат во сопствен автомобил во оваа состојба.

Ние би можеле да научиме многу од искуството на скандинавските полицајци на Балканот како да се третираат граѓаните, и обратно, граѓаните ќе можат да научат како да се однесуваат со полицијата. И за едните и за другите целта е да живеат подобро, да се чувствуваат безбедно, а ниту полицијата сама може да обезбедува, ниту пак граѓаните можат да живеат без неа.

Глобалните студии велат дека Норвешка е најдобра земја за живеење

Во што е тајната? Одговорот е едноставен: најважната работа во оваа земја се луѓето, прво како поединци, а потоа како Норвежани. Сè е подредено за обичниот човек, па и административните центри во општините се поголеми од зградите на државната администрација.

Можеби норвешкиот систем е најлесниот начин за да се објасни познатата изрека на нивниот долготраен премиер Einar Gerhardsen: "Сработи ја својата должност, па тогаш барај ги своите права".

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура