X
 16.03.2022 Живот

Луксузни монтажни кабини им овозможуваат на гостите поглед кон прекрасната снежна словачка шума

Новите куќички на дрво во хотелот „Бјорнсон“ обезбедуваат посебно искуство за оние што го посетуваат словачкиот ски-центар Јасна. Дизајнирани од „Арк-Шелтер“, станува збор за 15 кабини кои ги поврзуваат посетителите со шумата, а притоа внимаваат на нивното влијание врз животната средина.

2

3

Единаесет од новите структури се гостински кабини за посетителите на хотелот, додека останатите четири се велнес-единици со соби за релаксација и сауни. Гостите можат да изнајмат цела кабина, во која може да се сместат осум лица. Кога ќе изнајмите половина од зградата, гостите ќе уживаат во дневната соба, спалната соба, детската соба, влезниот хол и бањата.

4

5

На посетителите им е обезбеден мир и тишина, што им овозможува најдобро да уживаат во природниот пејзаж околу нив. За да го направат ова, секоја кабина е внимателно поставена помеѓу дрвја за да има приватност и поглед кон шумата.

6

За материјалите што се користени инспирацијата е земена од околната шума. „Арк-Шелтер“ користел поцрнета смрека за надворешноста на кабините, што одговара на темното дрво на блиските дрвја. Во кабините е користена полесна палета на панели од смрека и дабови подови кои овозможуваат посветла внатрешност додека се користат природни материјали.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Boys Play Nice
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот