X
 29.02.2024 Живот

Соба во австриски хотел го има најубавиот поглед на светот, се чека по две години

Блогерката Џениса Форлано споделила фотографии од хотелска соба која може да се пофали дека го има „најдобриот поглед на светот“. Инаку, за да престојувате во собата, ќе треба да станете дел од двегодишната листа на чекање.

Форлано на „Инстаграм“ го документирала своето патување до „Доломитенхут“ - хотел лоциран во Австрија. Собата во која била сместена се вика „Адлерхорст“, а има поглед на планините.

Собата со волшебен поглед чини 85 евра од вечер со вклучен појадок. Џениса, која живее во Германија, споделила серија снимки од оваа соба.

 
- Ова е апсолутно најпосакуваната хотелска соба во која сум била. Доломитенхут има прекрасни соби со незаборавен поглед што треба да го видите еднаш во животот - вели таа во една од објавите истакнувајќи дека дефинитивно вреди чекањето.

- Собата чини 85 евра по лице, со појадок. Таа е уникатна и барана, поради што е резервирана однапред... Зарем тоа не е одлична цена за овој поглед? - прашува таа.

 
За оние што се заинтересирани да престојуваат во оваа соба, таа им препорачува да испратат е-пошта до хотелот и директно да побараат слободни термини во собата „Адлерхорст“.

Џениса истакна дека има уште една слична просторија со само еден стаклен ѕид, наречена „Адлернестхен“.

Извор: Klix.ba

Фото: Instagram/dolomitenhuette_lienz/flo.johaenntgen 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот