X
 29.04.2025 Живот

Ресторанот изграден на оган, шума и љубов - во поранешна пилана

Некои ресторани се изградени на наследство, а некои на иновации. „Книстафорсен“ е изграден на оган, шума и љубов, сместен во оддалечените шуми во Шведска, во поранешна пилана покрај реката Нисан.

Со една Мишелин ѕвезда и зелена ѕвезда од истиот водич (ги наградува рестораните кои промовираат одржливи практики), ресторанот на Николај и Ева Трам станал задолжителен аџилак за оние што бараат подлабока врска помеѓу храната и природата. Тоа е ресторан каде што ритамот на дивината го диктира менито, каде што се слави несовршеноста и каде што секоја чинија раскажува приказна за скандинавските состојки обликувани од пламен.


Огнот не е само начин на готвење

За Николај, огнот не е само начин на готвење - тој е основата на сè. Неговото патување од работата во кујните на неколку од најпрестижните шпански ресторани до повторното откривање на неговата страст во шведската дивина е вградено во секој залак.

Нема индустриски печки, само чад, жар и трпение. Храната доаѓа директно од реката, шумата и рацете на малите производители. Месото од дивеч, култивираните билки, ферментираните бобинки и нордиските морски плодови создаваат мени што се менува со годишните времиња, нудејќи дегустација на 18 јадења.

Ева, фотограф и гастро-писател, ја донела филозофијата на ваби-саби, тивко почитување на природната убавина и несовршеност, во „Книстафорсен“. Од рачно изработени керамички чинии до сребрени садови од пазарите, деталите играат значајна улога, како и самите садови. Овде гостите не се само броеви на маса, туку нивните имиња и приказни се добредојдени во светот на семејството Трам. Впечатокот дека престојувате кај пријател е зголемен со можноста за ноќевање.


Четиричасовно патување низ вкусови исполнети со чад

Гостите пристигнуваат во „Книстафорсен“ по кривулест земјен пат, водени од сјајот на огнот под казанот. Тие поминуваат пешачки мостови преку диви водни патишта, влегуваат во топла и слабо осветлена трпезарија и тргнуваат на четиричасовно патување низ вкусовите наполнети со чад, ретките нордиски вина (последниот феномен на глобалното затоплување) и непогрешливото присуство на природата во секој залак. Тоа искуство е и филмско и интимно, нешто помеѓу Тарантино, пријатно скандинавско одморалиште и спомени од детството на собирање околу огнот.

„Книстафорсен“ е изграден врз филозофијата на готвење на отворен оган, каде што секое јадење се подготвува на отворен оган и е гастрономско искуство длабоко вкоренето во пејзажот и обликувано од природните елементи. Посветеноста на Николај и Ева им ја носи и престижната Мишелин зелена ѕвезда, како препознавање за нивното одговорно набавување продукти и грижа за животната средина. Покрај признанијата на Мишелин, „Книстафорсен“ се здобива и со меѓународно признание, со добивањето на рејтингот на Николај со два ножеви (максимумот е три), на наградите за најдобар готвач 2024 година.


Еве го и мислењето споделено во водичот на „Мишелин“:

- Оброк во „Книстафорсен“ е навистина задоволство, а преноќувањето таму го зголемува искуството. Поранешна пилана, се наоѓа на прекрасно место покрај река, опкружена со шума, а природата е навистина на секој чекор, дали низ панорамските прозорци или на вашата чинија. Состојките со врвен квалитет се набавуваат од локалното подрачје, а традиционалното готвење на дрва додава шмек - едно јадење се служи дури и надвор, покрај логорски оган. Можете да вкусите задоволства како тартар од лос, пастрмка со брусница или паткини срца со див лук, кои се комбинирани со вина и интересни безалкохолни креации.

Извор: tportal.hr

Фото: Facebook

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот