X
 16.04.2021 Живот

Неверојатно видео од вселената направено од леталото „Кру драгон“

Оваа година почна одлично во однос на вселенските фотографии. Имавме можност да видиме прекрасни фотографии од рид на Марс и од маглината „Превез“, а сега имаме волшебно видео снимено од вселенското летало „Кру драгон“.

Мајк Хопкинс, астронаут на НАСА и еден од 10. члена на екипажот што моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, го сподели ова тајмлепс-видео во понеделникот, а видеото покажува црно и сино поле.

- Не мислев дека погледот може да биде подобар, но мојот колега Соичи Ногучи го направи овој неверојатен тајмлепс од „Кру драгон“ и јас бев воодушевен - напиша Хопкинс на „Твитер“. Ногучи е дел од Јапонската агенција за воздушно истражување на вселената и заедно со Хопкинс и уште двајца астронаути од НАСА беше дел од мисијата „Кру-1“ што во ноември ги однесе до Меѓународната вселенска станица.

Четворицата астронаути неодамна ја поставија нивната капсула „Спејс екс кру драгон“ на Меѓународната вселенска станица за да направат простор за мисиите што доаѓаат.

Освен што се занимава со научна работа на Меѓународната вселенска станица, Ногучи честопати знае да направи неверојатни фотографии од вселената и да ги сподели на социјалните мрежи.

Извор: Cnet.com
Фото: Soichi Noguchi/JAXA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот