X
 27.07.2020 Наука

Телескоп на НАСА ја фотографирал кинеската мисија на Марс

Астрономскиот систем за предупредување за астероиди АТЛАС (Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System) има важна функција: Да ги бара и препознава астероидите кои може да бидат опасни за Земјата. Но, некогаш, тој забележува многу повеќе од само астероиди.



Телескопот во рамки на системот минатата недела ја забележал мисијата испратена на Марс од Кина „Тјанвен-1“. Во петокот на профилот на „Твитер“ на телескопот беше објавена фотографија од кинеската ракета во море од ѕвезди. Црвените линии го покажуваат движењето на ракетата.



„Тјанвен-1“ беше лансиран минатата недела и треба да стигне на Марс во февруари, кога ќе се обиде спушти ровер на црвената планета. Проектот на Кина е еден од трите големи мисии за Марс испратени од Земјата овој месец. Обединетите Арапски Емирати веќе ја испратија својата мисија, а НАСА планира да го испрати роверот „Персевиренс“ на 30 јули.

АТЛАС е заеднички проект на НАСА и Универзитетот во Хаваи. Тој се состои од два телескопи кои се оддалечени 160 километри, кои автоматски го скенираат целото небо неколку пати секоја ноќ во потрага по вселенски тела кои се движат. Вториот телескоп се наоѓа на островот Мауи.

Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Pixabay


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука