X
 16.06.2016 Живот

Совет на еден дедо до сите нови татковци

Еве што еден дедо ги советува сите новопечени татковци:

1. Признајте им ги вашите граници на вашите деца. Тие ќе ве сакаат поради она што можете да го направите и ќе ве почитуваат затоа што признавате дека ви е потребна помош со работите кои не можете да ги направите. Во секој случај, ќе научат важна лекција.

2. Ако имате доволно среќа да го споделувате родителството со некој, кажете им на вашите деца дека вашата сопруга е многу подобра во она што го прави и гордо восхитувајте ѝ се на нејзините вештини.

3. Дозволете им на децата да ви помагаат кога извршувате работи низ дома. Иако тоа често значи забавување на работата, сепак ќе ги направи вашите деца понезависни.

4. Вашите деца за брзо време ќе научат кој што работи низ дома и кај кого да побараат помош или совет. Немојте да бидете навредени ако не се консултирале со вас, ќе имате многу можности за тоа. И внимавајте - децата се паметни и можат да го искористат нивното знаење за да се обидат да ве изиграат и двајцата. Не паѓајте на тоа. За важните одлуки, потребно е да се консултирате со вашата сопруга.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот