X
 16.07.2017 Наука

3Д-печатено вештачко срце чука како вистинско

Науката неодамна достигна нов врв. Тим од научници создаде 3Д-печатено, меко, вештачко срце, направено од силикон, кое чука како вистинско.

Со околу 26 милиони луѓе со срцева маана и глобален недостиг од донатори ова може да биде револуционерно решение за проблемот. Тимот што стои зад откритието е од Швајцарија и вели дека срцето може да чука многу природно, но сѐ уште се работи на иновацијата.

Целта е да се дојде до производ кој ќе биде со иста големина со вистинско срце и да се овозможат исти функции.

Овој силиконски пример има леви и десни комори, како и дополнителна комора која работи како мотор на срцето. Тој тежи 390 грама и зафаќа 679 кубни сантиметри, што значи дека е потешко отколку едно човечко срце. Тимот се надева дека тоа ќе може да ги замени механичките пумпи кои секогаш предизвикуваат компликации во телото. Сега тие се користат за луѓето со срцева слабост да закрепнат или додека чекаат за донација на срце.

Целта на тимот не била да презентираат срце спремно за имплантација, туку да се почне да се размислува во таа насока. Ако не може да го замени, тогаш можеби постои надеж дека ќе игра улога во регенерирањето на срцевите ткива.

Ние сѐ уште сме далеку од ова, но возбудливо е да се помисли дека се оди во таа насока.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука