X
 30.07.2019 Наука

Со помош на вештачката интелигенција ќе се мапираат сите корали во светот

Кога технолошкиот претприемач Пол Ален се вратил од нукрање во Маврициус, воопшто не бил среќен со она што го пронашол.

Во текот на неговата посета на Индискиот Океан во октомври 2017 година, тој открил дека се случува најголемото глобално белеење на коралите. Тој одблиску го видел уништувањето што било предизвикано, поттикнато од затоплувачката планета.

- Пол имаше огромна љубов кон океаните; тој секогаш велеше дека омилено место му е под вода - вели Лорен Кикхем, директорка за влијание на „Вулкан Инк“, што Ален ја основал во 1986 година.

- По посетата на едно од неговите омилени места за нуркање, тој видел дела нема ниту еден корал, така што, ни даде задача да ги спасиме коралните гребени во светот - додаде таа.

Ален почина минатата година на 65-годишна возраст. Но, неговиот сон за спасување на коралните гребени не се заборавил.

koralni
Фото: Getty Images

Тим на научници за сателитски мапи, марински научници и научници за природата почнале да ги мапираат и следат сите корални гребени, резултирајќи со „Корал Атлас“. На неодамнешна презентација во Сиетл, тие откриле дека иако успеале да мапираат само 2 отсто од светските корали, се надеваат дека ќе ја завршат задачата до крајот на 2020 година.

Мапата за глобалните гребени се ажурира секој ден и се користат напредоците во вештачката интелигенција за да се издава предупредување кога здравјето на коралниот гребен опаѓа. Овој систем за следење значи дека кога се појавува криза, како на пример белеење или потонати бродови, локалните власти и конзерваторите ќе можат брзо да дејствуваат.

- Ова навистина ја менува играта. Ова го правам 25 години. До пред две години добивавме слика и потоа поминувавме месеци, па дури и години обидувајќи се да утврдиме што се случувало на дното на морето. Сега, секој ден добиваме слики од целиот свет, во реално време - вели Грег Аснер, директор на центарот за глобално откривање и наука за конзервација на Државниот универзитет во Аризона.

Тој вели дека животите на милијарда луѓе зависат директно од коралите. Ивештајот објавен претходно оваа година од ОН за предизвиците за биолошка разновидност, предупредува дека околу еден милион видови им се заканува истребување. Истотака, извештајот вели дека околу една третина од коралите што формираат гребен се изложени на ризик.

- Она што го знаеме за коралните гребени е дека тие се под огромен стрес, особено од климатските промени и човечкиот развој. Сепак, не постои карта со висока резолуција што ќе ги покажува коралните гребени на светот - вели Ендру Золи, потпретседател на „Планет Лабс“, компанија што оперира со 120 сателити.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука