X
 16.10.2021 Здравје

Треба да внесуваме двојно повеќе витамин Це од препорачаната доза

Препорачаната доза на витамин Це треба да биде двојно поголема од моменталната, покажува ново истражување. Во моментов Светската здравствена организација препорачува да се внесуваат 45 милиграми витамин Це дневно.

Истражувачите чие истражување е објавено во „Американ џурнал оф клиникал нутришн“ велат дека моменталната препорака се заснова на истражување од 1944 година кое било спроведено во Обединетото Кралство за време на Втората светска војна, кога имало недостиг на храна.


Фото: Pixabay

Во рамките на новото истражување, учесниците внесувале 0, 10 или 70 милиграми витамин Це дневно девет месеци. Во овој период се тестирала реакцијата на телото на рани за да се измери соодветното ниво на витамин Це бидејќи бавното зараснување на раните е показател за недостиг на витаминот.

Резултатите покажале дека препорачаната доза на витамин Це е премногу мала и треба да се удвои.

Витаминот Це помага во заштита на клетките и зачувување на нивното здравје, одржување здрава кожа, крвни садови, коски и зглобови и помага во побрзо заздравување на раните. Добар извор на витамин Це се цитрусните овошја, како и пиперките, прокељот, компирите, јагодите и брокулата.

Извор: Independent 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје