X
 16.11.2022 Образование

МОН: Конкурсот за студентски стипендии ќе биде објавен следната недела

Откако минатиот месец најавија дека конкурсот за студентски стипендии за нови апликанти ќе биде објавен на крајот од октомври или почетокот на ноември, денеска, половина месец подоцна од најавеното, од Министерството за образование и наука за Факултети.мк изјавија дека конкурсот ќе биде објавен следната недела.

По многубројни реакции од студенти кои го очекуваат конкурсот, прашавме во МОН кога се планира тој да биде објавен и оттаму ни дадоа краток одговор: „Конкурсот ќе биде објавен во текот на седната недела“.

Колку за потсетување, конкурсите за студентски стипендии минатата година беа објавени во август, а на 18 ноември 2021 година беа објавени листите со студенти што добија стипендија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование