X
 14.01.2017 Наука

Дали е возможно ресетирање на „часовникот за стареење“?

На Институтот Салк во Ла Џоли, Калифорнија, научниците се обидуваат да го „натераат“ времето да се врати назад - поточно, биолошкото време.

 

casovnik


Во првиот обид да свртат стареењето со репрограмирање на геномот, тие успеале да ги подмладат органите на глувците и да им го зголемат животниот век за 30%. Оваа техника бара генетски инженеринг и не може да се примени директно на луѓето, меѓутоа успехот придонесува за подобро разбирање на стареењето и укажува на можноста за подмладување на човечките ткива преку други средства.

„Ова е особено важно“, вели Ленард Гваренте кој го проучува стареењето на Институтот за технологија во Масачусетс. „Ако се потврди, ќе биде доста важно за историјата на науката за стареење“, додава тој.

Наодите, се врз основа на идејата дека стареењето не е неповратен процес и дека човечкиот биолошки часовни мож да се врати во помлада состојба.

Во текот на стареењето, постојаната акумулација на промените ја намалува ефикасноста на клетките на телото. Во една од тајните на биологијата, стрелките на часовникот во моментот на зачнувањето секогаш се на нула. Колку и да се стари родителите и нивните репродуктивни клетки, оплодената јајце клетка нема никакви знаци на старост.

Пред десет години јапонскиот биолог Шиња Јаманака идентификувал четири најважни гени кои го враќаат часовникот на оплодените јајце клетки. Тие се толку моќни што можат да репрограмираат и геном на кожата или на матката во ембрионална фаза. Постапката денес се користи рутински за менување на возрасните клетки на ткивата во клетки слични на ембрионските, во текот на поделбата на оплодената јајце клетка.

Научниците се запрашале дали тие четири гени може да се применат на целиот организам. Резултатите биле катастрофални. Две групи истражувачи, во 2013 и 2014 година известиле дека сите животни починале - кај некои, причината била тоа што нивните возрасни клетки го изгубиле нивниот идентитет, додека некои починале како последица од рак.

Но, научникот Хуан Карлос Испусиа Белмонте, смислил поинаков пристап. Него одамна го интересирала регенерацијата на екстремитетите. Клетките во близина на изгубените екстремитети се враќаат во средина, помеѓу клетка ембрион, отворена за секакви можности.

Ова делумно репрограмирање укажува на тоа дека тоа е постепен процес и дека малите дози на гените на Јаманака може да ги подмладат клетките без целосно репрограмирање кое ги враќа во ембрионална фаза.

Алехандро Окампо заедно со неколку соработници, Белмонте цели пет години истражувал како на глувците да им даде безопасна доза на гените на Јаманака. Решението било, глувците преку генетски инженеринг да добијат дополнителни гени на Јаманака, а овие гени да се активираат кога глувците ќе добијат лекови и вода за пиење, два пати неделно.

Екипата прво работела со предвремено остарените глувци за побрзо да добие резултати.

„Глувците покажуваа помали знаци на стареење, органите им беа поздрави, а на крајот на експериментот видовме дека живееја 30% подолго од контролната група“, вели д-р Белмонте.

Екипата утврди и дека ја подобри состојбата на органите и на нормалните глувци.

Доктор Белмонте верува дека овие подобрувања се постигнати со ресетирање на часовникот за стареење. Овој часовник го создава епигеном, систем на протеини кој одредува кои гени се активни, а кои потиснати.

Епигеномот работи и во текот на животот, ги одржува сите клетки и им дозволува да вклучуваат и исклучуваат гени во зависност од улогата.

Биолозите неодамна сфатија дека состојбата на епигеномот е можеби најважната причина за стареење. Ако епигеномот е оштетен, ефикасноста на клетките се намалува.

Доктор Белмонте верува дека гените на Јаманака кај глувците ги отстраниле дополнителните маркери и на тој начин ги вратиле клетките во помлада состојба.

Доктор Белмонте вели дека тестира лекови кои би предизвикале исто подмладување како гените на Јаманака. Употребата на лековите би била погодна терапија за луѓето и клиничка примена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука