X
 24.01.2017 Живот

МВР сѐ уште издава сини лепенки за 2016 година

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во тек е тендерот за набавка на нови лепенки. Затоа нивните службеници во центрите за технички преглед се уште издаваат стари лепенки, за кои секој возач плаќа по 110 денари



Сите возила што поминуваат на технички преглед и се регистрираат на почетокот на годинава добиваат стари, сини лепенки за ветробранските стакла, а годината е 2016. Наши читатели, збунети, велат дека не знаат како да постапат. Дали да ја залепат новата лепенка, па да имаат две сини со истата година, или воопшто да не ја лепат?

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во тек е тендерот за набавка на нови лепенки. Затоа нивните службеници во центрите за технички преглед се уште издаваат стари лепенки, за кои секој возач плаќа по 110 денари. Од МВР чекаме поподробни одговори за тоа како да постапат возачите додека не набават нови лепенки и дали ќе треба дополнително да ги плаќаат.

Додека ги чекаме одговорите, ви ги претставуваме искуствата на неколку читатели.

В.И. од Скопје деновиве го однел својот автомобил на технички преглед.

- Завршив се, влегов во кола и сакав да ја залепам лепенката, кога видов дека е иста боја. Тргнав кон пунктот, па застанав да ги прашам техничарите, да не е некоја грешка. Почнаа да се смеат, па на шега ми кажаа дека чекаат да се формира влада, за да ја изберат нијансата на лепенката. Едниот од нив ми рече дека исто било и лани, бидејќи и тој го регистрирал својот автомобил на почетокот на годината. Иако новата лепенка е со друг сериски број, ме подучи да ја чувам во фиока, за да „не им бодам очи“ на сообраќајците со исти лепенки, па почесто да ме сопираат. Кога ќе ги пуштат во оптек новите за 2017 година, да си платам уште 110 денари и таа да си ја залепам.

Зошто јас да платам повторно, кога тоа не е моја грешка, ниту мој избор - вели В.И.

На социјалните мрежи граѓаните веќе пишуваат за своите искуства од оваа ситуација. Еден имал искуство со сообраќаец, кој го сопрел поради двете сини лепенки и сакал да му пише казна. Откако возачот реагирал, а сообраќаецот проверил, утврдил дека возилото е навистина уредно регистрирано.

Подготвил: В.Ф,

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот