X
 07.09.2017 Забава

Пристигнува играта „Game of Thrones: Conquest“!


Game of thrones: Conquest
(Фото: Youtube)


Порталот „Watchers on the Wall“, кој пренесува ексклузивни информации поврзани со книгата на Џорџ Р. Р. Мартин и најпопуларната серија на светот, најавува и нова игра посветена на „Игра на троновите“!

Станува збор за ММО стратешка игра за мобилни уреди, која ќе се појави до крајот на годинава, под наслов: „Game of Thrones: Conquest“.

Играта ја потпишуваат „Turbine“, „Warner Bros interactive entertainment“ и „HBO“, а пристигнува на „AppStore“ и „Google Play“ на крајот од 2017 година, пренесува порталот. Играта ќе биде достапна и за уредите на „Андроид“ и „Епл“, вклучително и ајпед.

Во тек е процес за регистрација однапред, при што заинтересираните фанови ќе можат да се  пријават за нотификации за развојот на играта. Само во текот на првата недела на веќе регистрираните членови им е достапна и „Prepare for War“, пакет кој опфаќа опрема за „Ноќна стража“, два милиона во валута од играта, „500 голда“, како и 24 часа надградба на брзината за напредокот. Според порталот, овој пакет би чинел околу 50 долари.

„Станете глава на своја угледна куќа, соберете моќ и средства неопходни да доживеете слава! Внимателно движете се низ опасната политичка територија на Вестерос, формирајте стратешки алијанси и надмудрете ги противниците, и обезбедете Седиште на моќ за да се приближите до Железниот трон“, се наведува во описот на играта.

Порталот додава дека гејмерите, но и фановите на серијата, се молат „на старите и новите богови“ оваа игра да заживее, односно дека нема да биде само уште една од игрите каде што напредокот зависи од тоа колку вистински пари ќе потрошите на виртуелни средства за борба. Сепак, „Turbine“ стои зад играта „The Lord of the Rings online“, па можно е играта да биде она вистинското! 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава