X
 24.01.2017 Живот

Уште една недела до крајот на наградната игра Dell доделува

Останува само уште една недела до крајот на големата наградна игра на Dell и ИТД Дистрибуција – Dell доделува. Наградната игра која започна на 10 декември 2016 година, завршува на 31.01.2017, а на учесниците им се остава време најдоцна до 04.02.2017 потребните документи да ги испратат во бел плик со назнака “Dell доделува” на адреса ул.1552 бр.22, П.Фах 26, Визбегово, 1012 Скопје, Р. Македонија.



На 11 февруари ќе бидат извлечени среќните добитници на едно зимување за двајца во Ишгл, Австрија, три лаптопи Dell Inspiron 5567 и пет смарт телефони. Извлекувањето ќе биде јавно и ќе се одржи во 13 часот во Сити Мол.

Во наградната игра учествуваат сите полнолетни жители на Република Македонија кои во периодот од 10.12.2016 до 31.01.2017 купиле Dell лаптоп во еден од продажните салони партнери на ИТД Дистрибуција и купонот кој го добиле со купувањето заедно со останатите потребни документи, фотокопии од: фискална сметка, фактура или договор и гарантeн лист од ИТД Дистрибуција ги испратиле на наведената адреса.

Почетокот на новата година е одлично време да се подновите со нов лаптоп. Но само со купувањето на Dell лаптоп од сериите XPS, Inspiron, Alienware добивате можност да станете добитник на една од вредните награди од наградната игра Dell доделува.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот