X
 03.02.2017 Образование

Норвешко училиште воведува нов предмет: „eSports“

„eSports“ е новиот предмет кој ќе го изучуваат децата во јавното училиште „Garnes Vidaregåande Skole“, во градот Берген, Норвешка.


Се работи за курс кој трае три години, а се состои од играње компјутерски игри. Од програмата исто така, можат да се добијат парични награди за најдобрите играчи. Училиштето не е специјализирана институција, туку е регуларно јавно училиште, отворено за секого.

Учениците на програмата ќе поминуваат пет часа неделно, каде што ќе ги усовршуваат своите вештини низ игри како што се „League of Legends“ и „Dota 2“. Ќе се учат вештини на брзо реагирање и издржливост.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование