X
 14.02.2017 Живот

Временска прогноза: Следува период на стабилно време

Денес е вторник, 14 февруари 2017 година, 45-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:26, а ќе зајде во 17:09 часот. Денот ќе трае 10 часа и 43 минути.

Како што ви најавивме ова утро во Македонија имаме претежно ведро и постудено утро со многу пониски утрински температури во однос на изминатите денови, па поради тоа имаме и појава на слаб мраз. По одделни котлини имаме и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови по одделни котлини ќе имаме појава на слаба магла која што нема да претставува некаков проблем, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој во централните и источните предели ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -10 до -1 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 2 односно до 11 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, додека пак максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Студено утро со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината не очекуваат во среда од -9 до 1 степени и -6 до 2 степени во четврток, додека пак во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што во среда ќе се движат од 6 до 13 степени односно од 7 до 14 степени во четврток. Малку потопло утро не очекува во петок кога утринските температури ќе се движат од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни од 8 до 15 степени. Во сабота претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Дневните температури од 8 до 15 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот