X
 03.03.2017 Живот

Каков животен век не` очекува до 2030 година?

Најновите истражувања кои доаѓаат од Империјалниот колеџ во Лондон во врска со животниот век и неговото траење во 35 индустриски земји во светот, покажуваат дека и жените и мажите ќе живеат се` подолго, така што трендот ќе продолжи да расте и следните 13 години.

zivot

Што се однесува до Македонија, за нашата земја не се очекуваат некои големи промени. Имено, како што вели самото истражување, во помалку богати земји, просечниот животен век е низок и не се очекува да стане многу подолг. Истото важи и за Србија, па така Македонија и Србија се земји за кои се очекува да имаат најнизок животен век.  

Кога станува збор за побогатите земји, научниците од Лондон пресметале дека очекуваниот животен век на луѓето во развиените земји ќе продолжи да расте, па така во некои земји за брзо време може да достигне и 90 години.

Анализата од колеџот покажува дека разликата помеѓу мажите и жените во однос на очекуваниот животен век би се намалил до 2030 година - 85% за мажите и 65% за жените.

Кога станува збор за животен век над 90 години, тука води Јужна Кореја. Во оваа земја жените имаат 57% поголема шанса да ја достигнат оваа возраст, а како причина за подолгиот животен век се наброени заштитата и лекувањето на хроничните болести, како и тоа дека во Јужна Кореја има помалку луѓе со прекумерна тежина и помалку пушачи.

vek

Тука некаде се и жените од Франција, Шпанија и Јапонија, а Германија ќе бележи зголемување на животниот век кај мажите - денес изнесува 78 години, меѓутоа истражувањето предвидува дека ќе достигне 82 години до 2030 година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот