X
 20.12.2017 Живот

Кај кои професии стапката на разводи е највисока?

Научниците од Институтот за семејство анализирале податоци за разведените лица и нивните професии за да утврдат кај кои професии стапката на разводи е најголема, пишува „Индипендент“.


Се откриле интересни податоци како, на пример, дека луѓето со пониски примања поретко се одлучуваат за стапување во брак, а ако стапат, поверојатно е дека ќе се разведат, за разлика од оние чии приходи се поголеми. Луѓето со високи примања почесто го опишуваат својот брак како среќен.

Што се однесува до одредени професии, најголемата стапка на разводи е меѓу сопствениците на казина, а најниска кај проценителите на штета.

Највисока стапка на разводи:

-    Сопственици на казина (52,9%)
-    Бармени (52,7%)
-    Авионски екипаж од кабина (50,5%)
-    Вработени во казина (50,3%)
-    Оператори на машини (50,1%)
-    Телефонски оператори (49,7%)
-    Оператори на машини за производство на жици (49,6%)
-    Вработени во ТВ-продажба (49,2%)
-    Текстилни работници (48,9%)
-    Работници на преса (48,8%)

Најниска стапка на разводи:

-    Проценители на штета (17%)
-    Физичари (18,9%)
-    Научници од областа медицина (19,6%)
-    Припадници на свештенство (19,8%)
-    Дизајнери на софтвери (20,3%)
-    Физијатри (20,7%)
-    Оптичари (20,8%)
-    Хемиски техничари (21,1%)
-    Директори на компании (21,3%)
-    Лекари и хирурзи (21,8%)

Научниците од Институтот сепак не успеале да пронајдат одговор на прашањето зошто корелацијата помеѓу стабилноста на врската и веројатноста за вработување е толку силна. Се претпоставува дека е така бидејќи несигурните вработувања носат и несигурни приходи, па сето тоа ја притиска врската до таа мера што во голем број случаи не успева да преживее. Ако еден од партнерите ја изгуби работата, а со тоа и приходите, семејството посегнува по заштедата, што може да резултира со многу тешка финансиска состојба во иднина. Наместо тоа, партнерот со повисоки примања почесто се одлучува за развод на бракот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот