X
 11.03.2017 Живот

Колку сте паметни зависи од тоа кого го мразите

Општо верување е дека судењето и предрасудите се карактеристики на индивидуи со помал коефициент на интелигенција. Но, реалност е дека и луѓето со низок коефициент и тие со висок коефициент имаат тенденција да развијат омраза кон другите, а разликата се состои во целните групи кои се мета на осудување и омраза.

омраза


Овој проблем е анализиран од психологот и социјалниот научник Марк Бранд и Џаред Крафорд кои направиле студија со 6000 учесници кои биле тестирани за коефициентот на интелигенција како и за типот на омраза која ја изразуваат. Резултатот бил дека има врска меѓу когнитивните способности на личноста и типот на предрасуди кои индивидуата ги има. Луѓето не сакале луѓе кои се различни од нив и кои имаат различни погледи кон светот.

Помалку интелигентните луѓе имале тенденција да не ги мразат либералните и неконвенционалните групи на луѓе, а покажувале и нетолеранција кон специфични енички, национални и религиски групи, како и имале предрасуди кон специфичен род, или сексуална ориентација.

Индивидуалците со висок коефициент на интелигенција имале тенденција да чувствуваат омраза кон конзервативците и конвенцијалните групи на луѓе. Исто така тие верувале дека индивидуата треба да формира мислење за другите луѓе, нешта и идеи и да може слободно да се изрази. Паметните луѓе се склони кон формирање на судови за личните избори на луѓето, но не и поради етничкото потекло. Сепак, ќе му судат ако не се согласуваат како ја третира животната средина. Тие се љубители на слободата на мислење и се восхитуваат на образованието и напредокот.

Главниот заклучок е дека без разлика на нивото на интелигенција, менталната цврстина и когнитивните способности, сите луѓе имаат стереотипи и судат во одреден момент на нивниот живот. Единствената разлика се состои во тоа кого го мразат или на кого му се суди.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот