X
 12.04.2017 Технологија

Паметни сијалици: Светло за спиење, светло за будење

„Lighting Science“ произвеле линија на биолошки сијалици кои емитуваат светлина така што ќе биде комплементарна на биоритамот. Светлината од сијалицата „Поспано бебе“, на пример, не влијае на производството на мелатонин, хормон кој ви помага на вас и вашето бебе да спиете. И „Philips“ исто така имаат линија на паметни сијалици, кои се поврзуваат со безжични мрежи и паметни куќни системи како што се „Amazon Alexa“ и „Nest“.

фото извор: Profimedia

Во куќата на Гејл Кон спиењето е проблем. Нејзиниот син тинејџер учи до доцна, а нејзината 88-годишна мајка која боледува од деменција е вознемирена во текот на ноќта. За да реши од проблемите, Гејл погледнала нагоре – кон сијалиците.

61-годишната Гејл ги заменила сијалиците во спалните соби во својот дом во Њу Јорк со производите на „Lighting Science“. За мајка и ја избрала сијалицата „Добра ноќ“, која има неутрален син светлосен спектар, а на синот му ја купила сијалицата „Буден и внимателен“, која има исто така сина светлина но со обратна цел – да му помогне да се концентрира.

Светлината се меша со нашиот биоритам, внатрешниот часовник кој на нашето тело му кажува кога да спие, кога да се буди и кога да јаде. Ако гледате во силното, сино светло, како она на паметните телефони, таблети или телевизори и телото на мозокот ќе му испрати сигнал да престане со производството на мелатонин, моќниот хормон кој ви помага да заспиете.

Нарушувањето на биоритамот може да влијае на губитокот на телесна тежина, либидото, расположението и спиењето. Хроничното лишување од сон, може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени типови на канцер.

Компаниите започнуваат да произведуваат многу подинамично осветлување кое се прилагодува на организмот во согласност со тоа која е периодот од денот.

Инаку сијалицата „Добра ноќ“ чини околу 25 долари, а „Буден и внимателен“ околу 29 долари.

Но, дали се тие светла доволни да го ресетираат нашиот внатрешен часовник? Осветлувањето мора да биде програмирано така што ќе води сметка за вашиот биоритам во текот на денот, што е нешто што просечен корисник не може да го направи, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија