Научниците предлагаат нови докази на една многу интересна теорија која се обидува да спои навидум неспоиви делови.
Целата вселена би можела да биде еден огромен и комплексен холограм. Нашето гледање на животот и светот во три димензии на просторот би можело да биде само илузија. Како што пишува британскиот
Independent, астрофизичарите ги проучувале заднинските вселенски микробранови, остатоците од „Големата експлозија“ и настанокот на нашата вселена. И после сето тоа, велат дека пронашле докази дека
нашата вселена е само холограм.
За оваа необична теорија постојат барем исто толку докази колку и за традиционалните гледишта за вселената, велат астрофизичарите од Универзитетот во Саутемптон. Тие во своите истражувања соработувале со колеги од Канада и Италија.
Она како што ние ја гледаме нашата вселена би можело да се спореди со
3Д ефектите што ги гледаме во кината, иако таму не користат холограми. Додека ги гледаме филмовите, ние можеме да ја воочиме длабината во сликите, иако знаеме дека всушност се работи за слики на рамно платно. Вселената би можела да биде само поуверлива верзија на ист таков ефект.
Дека вселената всушност е холограм за првпат е споменато во деведесеттите години од минатиот век. Таа теорија претпоставува дека сите тие информации, нашето сфаќање на просторот во три димензии, всушност се сведуваат исклучиво на површини.
„Замислете дека сè што гледате, чувствувате и слушате во три димензии, всушност потекнува од дводимензионално поле. Теоријата наликува на обични холограми каде тридимензионалната слика е претставена со дводимензионална површина како што се холограмите на кредитните картички“, вели Костас Скендерис, професор по математика на Универзитетот во Саутемптон. „Наместо слика на картичките, станува збор за целата наша вселена“, додава тој.
Ова истражување би можело да ги обедини двата средишни делови од сфаќањето на физиката. Би можело да ги спои генералната релативност, која ја објаснува вселената на највисокото поле, со квантната теорија која ги објаснува најситните детали на вселената.
„
Холографијата е голем скок нанапред во размислувањето за структурата и создавањето на вселената. Научниците со децении се обидуваат да ги спојат Ајншајновата теорија на гравитацијата со квантната теорија. Некои веруват дека нашето истражување ќе направи чекор напред во тој правец“, истакна Скендерис.