X
 24.03.2017 Живот

Верувате ли во шесто сетило?

Многумина не размислуваат за интуицијата како за своевидна водилка во донесувањето одлуки. Некои интуицијата уште ја нарекуваат шесто сетило, внатрешен глас, а некои пак, и перцепција над сетилата.

фото извор: yoga213.com.au

Во секој случај, се работи за феномен кој модерната наука го препишува на потсвеста и обработката на реалните искуства, односно шпекулација. Сепак, некои научници поттикнати од се поголем број случаи во кои шестото сетило предупредува на доаѓање на неволја, почнале да спроведуваат експерименти на полето интуиција.

Поранешниот професор по парапсихологија Ханс Холзер, уверен е дека луѓето примаат интуитивни информации од суштества од друг свет. Тој вели дека големиот број на експериментирања го увериле дека постои свет, кој тој го нарекува „другата страна“. Се работи за свет кој постои околу нас, но на друго ниво, други вибрации, друго ниво на постоење. Во него се луѓето кои на ова ниво на постоење се мртви, а во другиот свет имаат задача да комуницираат со нас, смета Холзер.

Други научници, пак, веруваат дека постојат лица, кои можат да ја предвидат иднината. Па заклучуваат дека шестото сетило, може да се класифицира како информација од иднината.

Според експертите, во развивањето на интуицијата многу помага медитацијата, бидејќи само во состојба на потполна смиреност, можеме да „слушнеме“ што е она за кое имаме претчувство.

Според некои верувања, жените имаат посилна интуиција од мажите, но истражувањето од Универзитетот „Hertfordshire“ во Велика Британија покажало поинакви резултати. Односно, разлики помеѓу половите нема, па интуицијата кај сите е подеднакво застапена.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот