X
 05.04.2017 Живот

Ѕирнете во нуклеарните бункери во Пекинг - домови на милиони луѓе

Пекинг е преполн и скап, со повеќе од 21 милиони жители кои буквално се натпреваруваат за домови кои секој ден се сè поскапи и поскапи. Токму затоа околу еден милион луѓе се одлучија да живеат под земја во евтини, бетонски бункери изградени да издржат нуклеарна експлозија.

бункери пекинг
Фото: Antonio Faccilongo

Италијанскиот фотограф Антониот Фачилонго ја фотографирал оваа подземна заедница во атомските соби. Фотографии прикажуваат како обичните луѓе се обидуваат да живеат во големиот град, 15 метри под земјата.

„Тие ги следат нивните соништа, но првиот чекор е преселување во атомското засолниште“, вели фотографот.

Околу 10.000 бункери се појавиле во Пекинг за време на Студената војна кон крајот на 60-те кога Мао Це Тунг наредил станбените згради да бидат опремени со подземни засолништа во случај на нуклеарна катастрофа. Во 1980 година владата ги продала бункерите на разни земјопоседници и компании. Некои од нив биле претворени во продавници, додека други се продавале како домови од 40 до 100 долари месечно. За многу студени, рурални мигранти и работници со ниски приходи, подземните засолништа станале доста прифатлива опција.

Фачилонго поминал еден месец во Пекинг во декември 2015 година, документирајќи 30 различни бункери низ градот. Секоја локација била чувана од стражар, па Фачилонго чекал тој да замине на пауза за да влезе во бункерите. Неговите фотографии го прикажуваат секојдневниот живот на овие валкани простории и влажна атмосфера.

„Не можете да заборавите дека сте долу. Воздухот е многу чуден - не можете да дишете од влажност“, вели тој.

Властите на Пекинг повеќе не ги одобруваат подземните станбени простории, и уште во 2010 година ги прогласиле за нелегални со план да се испразнат до крајот на оваа година. Меѓутоа голем дел од жителите не можат да си дозволат да се преселат. Жителите на бункерите отишле во Пекинг за подобар живот, но прво тие треба да заработат за да си дозволат соба со поглед.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот