Градот Нгерулмуд се наоѓа во островската држава Палау во Тихиот Океан. Станува збор за населено место за кое не слушнале многумина. Овој град е уникатен затоа што официјално е најмалиот главен град на светот и во него не живее ниту еден постојан жител. Во 2006 година беше прогласен за главен град наместо дотогашниот Корор.
Меѓутоа, во реалноста, тешко е воопшто да се нарече град со оглед на тоа што се работи за неколку згради во кои се сместени институциите на Палау.
Според податоците од пописот, во градот не живее ниту еден жител. Сите одат таму на работа, а по завршувањето на работниот ден се враќаат во местата каде што живеат. Во околните места во сојузната држава Мелекок, на која ѝ припаѓа Нгерулмуд, живеат околу 300 луѓе.
Инаку, во претходниот главен град, Корор, живеат околу 13.000 жители, а вкупната популација на Палау изнесува околу 17.000 луѓе.
Извор:
Avaz.ba
Фото: Twitter