X
 13.05.2017 Технологија

Масивни хакерски напади врз организации ширум светот

напад
Фото: Webroot

Масивни хакерски напади заразија голем број на организации ширум светот.

Компјутерите од илјадници локации се заклучени од програма која бара 300 долари во Биткоин. Извештаите кажуваат дека има заразување на компјутери во повеќе од 70 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Америка, Кина, Русија, Шпанија, Италија и Тајван. Многу безбедносни истражувачи ги поврзуваат нападите и сметаат дека произлегуваат од еден напад.

Погодена беше и националната здравствена служба на Велика Британија, а на официјалната страница излегува програмата „WannaCry“.

Еден сајбер безбедносен истражувач на „Twitter“ објави дека забележал илјадници случаи на сајбер напади познат како „WannaCry“ насекаде низ светот.

„Ова е навистина сериозно“, вели Јакуб Кроустек од „Avast“.

Од „Kaspersky“ велат дека нападот бил забележан во 74 држави, и дека бројката сè уште расте, а извештаите покажуваат дека Русија е најзаразена од сите земји.

Министерството за внатрешни работи во Русија вели дека успеале да го локализираат вирусот, после нападот на персонални компјутери кои користат „Windows“.

Неколку експерти кои ја следат ситуацијата, ги поврзуваат инфекциите со група позната како „The Shadow Brokers“.

Помеѓу заразените има и неколку шпански фирми. Телекомуникацискиот гигант „Telefonica“ во соопштение изјави дека е свесна за инцидентот меѓутоа смирува дека клиентите и услугите не се заразени. Напади биле забележани и во Шведска.

„Имаме околу 70 компјутери на кои е инсталиран опасниот код“, изјави градоначалникот на Стокхолм.

За разлика од другите малициозни програми, оваа програма има способност сама да се движи низ мрежата - токму ова е причината што нејзиното влијание е толку големо.

Помеѓу големите компании заразени со нападот е и „FedEx“ којa се соочува со пречки.

„Спроведуваме чекори колку што е можно побрзо“, велат од компанијата.

И „Megafon“, втората најголема мобилна мрежа во Русија ги потврди нападите на компјутерите.

„Ова е голем сајбер напад, кој влијае врз организациите ширум Европа во размер кој не сум го видел досега“, вели безбедносниот архитект Кевин Бемаунт

Според безбедносната фирма „Check Point“, оваа верзија на програмата е нова.

„Се шири прилично брзо“, вели Атиш Патни, шеф на компанијата за спречување на закани во северна Европа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија