X
 31.05.2017 Наука

Во јуни ќе се појави „медената Месечина“

Се верува дека денот по „медената Месечина“ секогаш доаѓа до голема бура. Дали тоа народно верување оваа година ќе се покаже како вистинито.

фото извор: chesapeakeghostwalks.com

Крвавава Месечина, сината Месечина, волчјата Месечина – долга е листата на чудни имиња за полната Месечина, па сега кон нив се приклучува и името „медена Месечина“, која ќе се појави во јуни. Се работи за јунска полна Месечина, која во Европа често се нарекува и „Месечина на расцветаните рози“.

Во Кина е позната како „лотосова Месечина“, а во САД како „Месечината на јагоди“, па заради тоа многумина сметаат дека на небото ќе се појави нашиот сателит обоен во црвено. Меѓутоа, ова име нема врска со самата боја на Месечината, туку со фактот дека во минатото првата полна Месечина во јуни, значела почеток на бербата на јагоди. Слично на тоа, во Европа, се користи името поврзано со розите, кои во тој период ја достигнуваат кулминацијата на цутењето.

Единствено името „медена Месечина“ навистина има врска со нејзиниот изглед, бидејќи полната Месечина во јуни ќе биде многу пониско и поблиску на хоризонтот. Тоа значи дека нејзината светлина ќе поминува низ многу позагаден и влажен воздух, па заради тоа набљудувачите ќе имаат претстава дека Месечината има преубава боја на мед, а не сребрена како вообичаено.

Оваа година „медената Месечина“ ќе се појави на 9 јуни и како по обичај ќе привлече големо внимание бидејќи знае да изгледа навистина поголема отколку обично.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука