X
 11.06.2017 Технологија

Фејсбук воведува новост која нема да ви се допадне

Социјалните мрежи знаат да бидат забавни, но често се поставува прашањето поврзано со нашата приватност.

fb

Ако не им верувате многу, тогаш оваа новост која ја подготвува Фејсбук ќе ве натера да си го избришете профилот.

Имено, Фејсбук во тајност развива нова технологија со чија помош ќе може да ве шпионира. Популарната социјална мрежа патентира технологија која овозможува преку паметниот телефон да го сними вашиот израз на лицето за да може да ги следи вашите реакции кон одредена содржина.

Принципот е едноставен: ако на некоја објава реагирате позитивно, тогаш социјалната мрежа ќе ви понуди повеќе такви објави.

Патентот е измислен уште во 2015 година, а го потпишува софтверската компанија „CBI Insight“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија