X
 15.06.2017 Образование

Без струја и вода студентите во „Гоце Делчев“

Студентите сместени во Државнипт студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје вечерва се без струја, а некои катови и без вода. Состојбата е таква од околу 14 часот, кога без претходна најава, останале без струја.  Студентите денеска се снаоѓаа за учење во други услови и се револтирани дека не добиле никаква најава за прекинот на електричната енергија, а во погорните катови немаат ниту вода.



-Преку ден ни беше кажано дека поради реновирање на делови од студентскиот дом ќе има прекин во струјата. Не ја знаеме вистината, знаеме дека повеќе од седум часа немаме струја и вода – велат студенти во „Гоце Делчев“.

Факултети.мк денеска се обиде да добие изјава од директорката на Државниот студентски дом „Скопје“,  Даниела Темелкова, но безуспешно.

Реконструкцијата на „Гоце Делчев“ почна пред неполни две години. 
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование