X
 20.06.2017 Образование

Ова се најуспешните средношколци од Скопје

Сара Милованова од СУГС „Јосип Броз Тито” успеа да освои прво место на регионалниот натпревар по предметот биологија, а на државниот освоила второ место. Задоволна е од успехот и благодарницата која ја доби од Град Скопје. Петнаесет годишната Сара е втора година средно вели дека првпат била на натпревар по предметот биологија, но искуство со натпревари имала и изминатите години.



- Како одеа натпреварите општински, регионален државен, ми беше сѐ полесно, поради тоа што сѐ повеќе го повторував материјалот со менторката, затоа и освоив такви резултати. И претходно сум учествувала на натпревари по предметот македонски јазик и литература, на државен добив пофалница на регионален освоив прво место. Тоа беше пред две години кога бев деветто одделение. Одлична ученичка сум. Образованието размислувам да го продолжам на природните науки, ама рано е да одлучам, имам уште време до факултет рече Сара Милованова од СУГС „Јосип Броз Тито”.

Сара е една од 65 ученици кои успеаја да добијат награда за постигнатите резултати на натпреварите на регионално ниво. Натпревари во учебната 2016 и 2017 година се реализираа по наставни предмети информатика, математика, германски јазик, англиски јазик, хемија, географија, француски јазик, латински јазик, биологија, предмети од електротехничката, сообраќајната, машинската струка и физика.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели благодарници и награди на највисоко рангираните ученици на скопските регионални натпревари. Тој рече дека со воспоставувањето на традиционално наградување за највисоко рангирани средношколци на скопските регионални натпревари по различни наставни предмети, се става акцент на креативноста и богатството на знаењата на учениците.

- Ова јавно признание има првенствена цел- развивање на натпреварувачкиот дух и истото да придонесе за збогатување, усовршување и подобрување на квалитетот на знаењата на учениците рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Инаку 65 највисоко рангирани ученици на скопските регионални натпревари им беа доделени и парични награди, односно 5.000 денари за освоено прво место, 4.000 денари за 2 место и 3.000 денари за освоено трето место

Од Вкупниот број на учесници на сите натпревари на скопско регионално ниво, 65 ученици се наградени и имаат постигнато највисок резултат.

Победници на натпреварот од средните училишта се учениците:

Најдобро рангирани на натпреварот по англиски јазик:
1 место Мерсиха Фејзиќ СУГС Орце Николов
2 место Искра Целакоска СУГС Орце Николов
3 место Матеј Алулоски СУГС Јосип Броз Тито

Најдобро рангирани од натпреварот по хемија се:
1 место Антонио Андоновски СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Емил Николов СУГС Орце Николов
1 место Никола Донов СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Стефан Стојковиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Филип Трајковски СУГС Раде Јовчевски Корчагин

Највисоко рангирани ученици на натпреварот по математика:
1 место Ангелина Стојковска СУГС „Здравко Цветковски“
1 место Горазд Димитров ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Марко Жаров СУГС „Здравко Цветковски“
1 место Михаела Хаџиска ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Никола Даневски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Селвер Исени СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“
1 место Тамара Митровска ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Тијана Додевска СУГС „Здравко Цветковски“
1 место Филип Селамовски ПСУ „ International high school“

Највисоко рангирани по категории на натпреварот по информатика:
1 место Владимир Максимовски ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел,
1 место Душан Терзиќ ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел,
1 место Јосиф Тепеѓозов ПСУ „Јахја Кемал“ - Автокоманда,
1 место Филип Даштевски ПСУ „Јахја Кемал“ - Автокоманда,

Натпревар по француски јазик, највисоко рангирани на натпреварот се:
1 место Александар Трендов СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Александра Јовевска СУГС „Георги Димитров“
1 место Анкица Соколиќ СУГС Орце Николов
1 место Искра Бојковска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Јована Цветановска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

Натпревар по предмети од електротехничката, машинската и сообраќајната струка, највисоко рангирани се следниве ученици:
1 место Ана Јакимовска СУГС „Владо Тасевски“
2 место Антонио Василевски СУГС „Владо Тасевски“
1 место Бобан Митровски СУГС „Михајло Пупин“
3 место Ведат Мурати СУГС Орце Николов
3 место Дијана Ивановска СУГС „Боро Петрушевски“
3 место Кире Петковски СУГС „Михајло Пупин“
2 место Матеј Јовановски СУГС „8-ми Септември“
2 место Сара Костадиновска СУГС „Владо Тасевски“
1 место Стефан Ванчевски СУГС „Боро Петрушевски“

На регионалниот Скопски натпревар по германски јазик најдобро рангирани:
1 место Арбнора Ќаили СУГС „Зеф Љуш Марку“
2 место Ана Марковски Меѓународно училиште Нова
1 место Васил Гичевски СУГС Јосип Броз Тито
2 место Прохор Зафировски СУГС Јосип Броз Тито
1 место Симона Богоевска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

На натпреварот по географија добитници се:
1 место Виктор Браневски СУГС „Владо Тасевски“
1 место Марија Танеска СУГС „Кочо Рацин“
2 место Ангела Здравковска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
2 место Кузман Ацевски СУГС „Лазар Танев“
3 место Дамјан Станчевски СУГС „Владо Тасевски“
2 место Слободан Доксимовски СУГС „Никола Карев“
3 место Стефан Голубовски СУГС Раде Јовчевски Корчагин

На натпреварот по физика добитници се:
1 место Ангела Поповска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Иван Јовановски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Иван Николовски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош
1 место Стефани Јосифовска СУГС „Георги Димитров“

На натпреварот по латински добитници се
1 место Бисера Каевска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“
1 место Јована Кордовска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Сара Деспотовска СУГС „Георги Димитров“
2 место Бојана Стојковска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“
2 место Константина Цветановска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“
2 место Матеја Стојчева СУГС Раде Јовчевски Корчагин
2 место Андреј Станојковиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин
3 место Ана Зафировска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“
3 место Кристина Милошевска СУГС „Георги Димитров“
3 место Никола Панајотовиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин

Натпреварот по биологија се:
1 место Елена Николовска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Ивана Блажевска СУГС Орце Николов
1 место Милена Трајаноска СУГС Раде Јовчевски Корчагин
1 место Сара Милованова СУГС Јосип Броз Тито
Подготвил: В.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование